„Веднаш е направена дератизација и се надевам дека проблемот е надминат, како и дека директорот на домот заедно со Градот Скопје ќе преземат уште нешто, зашто во близина на ‘Пелагонија‘ се наоѓаат контејнерите каде што ѓубре оставаат и граѓани од околните згради“, кажа таа.
Глувци не се појавија само во студентските домови, туку и на други места. Веднаш е направена дератизација и се надевам дека веќе е надминат овој проблем. Ова денеска го рече министерката за образование, Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со појавата на глодари во студентскиот дом „Пелагонија“, пред почетокот на настанот по повод 70 години од Бирото за развој на образованието (БРО).
„Знаете каква беше состојбата во Скопје. Со оглед на тоа што се случуваше, не можам да речам дека е добро, но очекувано е. Веднаш е направена дератизација и се надевам дека проблемот е надминат, како и дека директорот на домот заедно со Градот Скопје ќе преземат уште нешто, зашто во близина на ‘Пелагонија‘ се наоѓаат контејнерите каде што ѓубре оставаат и граѓани од околните згради“, рече таа.
Во врска со поплаките за нефункционалноста во раководството на домот, министерката рече дека таму веќе неколку месеци има нов менаџмент, дека се запознаени со проблемите, но и дека ситуацијата сега е релативно подобрена.
„За разлика од претходниот период, кога студенти секојдневно пишуваа, се јавуваа и бараа, сега таа ситуација е потсмирена и се надевам дека со текот на времето ќе ја доведеме да биде таква како што треба, и со лифтовите и со сè друго“, кажа Јаневска.



