Георгина за Божик доби подарок од 250.000€! Кристијано Роналдо ја изненади сопругата, а потоа ја однесе на капење! (фото)

Кога Кристијано Роналдо сака нешто, не му е важно колку чини. Португалецот за Божиќ на сопругата Џорџина Родригез и’ подари луксузна чанта која чини 250.000 евра!!!Кристијано Роналдо (39), ѕвездата на Ал Наср, одлучи да го помине зимскиот одмор во Лапонија, Финска со своето семејство. Семејството Роналдо на Бадник отворале подароци, а убавата Георгина била воодушевена од она што го добила од сопругот.Шпанката на своите следбеници на Инстаграм го покажа подарокот што го доби оваа година за Божиќ.– Мојот подарок пристигна – напиша таа покрај емоџито на Дедо Мраз, покажувајќи ја својата нова чанта „Хермес“, бела кожа „Биркин“ со златни детали. Цената на таквата копија може да достигне 250.000 евра.По таков подарок, на Кристијано Роналдо не му беше тешко да ја однесе својата сакана на капење. Но, не во ладна вода, како што правеше два дена претходно, туку во топла купка, која ја документираа со фотографии и видео.Ова парче е само уште едно во обемната колекција на ултра луксузни чанти на Георгина Родригез. Во исто време, тоа е и одраз на скапиот вкус на Роналдо, пренесува шпански Мундо Депортиво.Од колекцијата на чанти што ја има Георгина Родригез, се издвојува познатата „Diamond Himalaya Birkin“, која важи за најскапата чанта во светот, чија вредност достигнува импресивни бројки поради реткоста на материјалот и уникатниот дизајн. Беше направен од крокодилска кожа и обложен со дијаманти и продаден за 450.000 долари во 2022 година.„Со овој нов модел на Birkin, Георгина го зајакнува својот глобален имиџ како симбол на луксуз и елеганција. Несомнено, божиќен подарок достоен за една од највлијателните личности во светот на модата“ , се истакнува во претходно споменатата публикација.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.