Германија бара работници

Со години наназад, со зголемувањето на бројот на пензионерите германскиот пазар на труд има недостиг од работна сила, што се обидува да го компензира со увоз на работници од надвор. Според Институтот за истражување на пазарот на трудот (ИАБ) во третиот квартал од оваа година, со 1,24 милиони работни места во Германија е забележан рекорден недостиг на работна сила.
-Во споредба со истиот период од претходната година, бројот на слободни работни места е зголемен за 140.000, се вели во соопштението на ИАБ, кој работи во соработка со Федералната агенција за вработување на Нирнберг.
-Најголем пораст во побарувачката е забележан во областа на преработувачката индустрија, но побарувачката во секторот на услуги со повеќе од 600.000 работни места сеуште е најголема, вели Александар Кубис од ИАБ.
Во градежништвото се отворени 108.000 работни места, а 87.000 во транспорт и складиште.
Најголемиот број на слободни работни места се однесува на средно и вишо образование (60,8%), по што следуваат оние без квалификации (22%) и, на крајот, луѓето со високо образование (17%).

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.