Парламентарните групи на ЦДУ/ЦСУ и СПД, двете владејачки партии во Германија, постигнаа договор со министерот за одбрана Борис Писториус и се очекува наскоро формално да се гласа за повторното воведување на воената служба.
Според германскиот „Билд“, сите мажи кои имаат најмалку 18 години ќе мора да се регистрираат, а ќе мора да поминат и лекарски прегледи.
Во случај да не се пријавил доволен број волонтери за војската, бил договорен систем на лотарија за да се изберат преостанатите Германци за воена служба.
Мажите кои ќе станат војници преку овој систем ќе добиваат бруто плата од 2.600 евра, а оние кои ќе останат неколку месеци подолго од нивната воена служба ќе добијат дополнителни бонуси и субвенција за плаќање на полагање на возачки испит.
Целта на законот за новата воена служба беше, според германските медиуми, да се изгради резервен состав од приближно 200.000 војници во наредните години, кои би можеле брзо да се мобилизираат во случај на национална вонредна состојба.
Волонтерите првично поминуваат низ основна обука за чуварски и обезбедувачки должности, и во овој период тие сè уште не се сметаат за војници на привремена должност.
Овој многу попривилегиран статус на војник, кој вклучува сеопфатна здравствена заштита, сега им се доделува само на оние волонтери кои служат во вооружените сили повеќе од една година.
Целта е „доброволност преку привлекување“, како што е наведено во договорот меѓу CDU/CSU и SPD.
Планираниот процес на регрутирање е задолжителен само за мажи, кои прво мора да пополнат прашалник за нивната здравствена состојба и мотивација. Жените можат да учествуваат доброволно. Исто така, нивното регрутирање е чисто доброволно, бидејќи германскиот Устав не предвидува задолжителна воена служба за жени.
The post Германија воведува воена обврска: Сите мажи над 18 години ќе мора да се регистрираат appeared first on Во Центар.



