Германија ги повика своите граѓани да го напуштат Либан, тие стравуваат од поголем конфликт со Израел

Министерството за надворешни работи на Германија ги повика своите граѓани да го напуштат Либан, со посебен акцент на јужниот дел на земјата, откако групата Хезболах беше обвинета за напад на Голанската висорамнина, делот што моментално го окупира Израел.Во пораката што беше објавена на веб-страницата на германската амбасада во Либан, тие ја објавија и причината за повикот за евакуација на граѓаните од оваа земја.„Не може да се исклучи натамошна ескалација на ситуацијата и проширување на конфликтот. Ова особено се однесува на јужните делови на Либан, вклучувајќи ги и јужните урбани делови на Бејрут. Понатамошната ескалација може да доведе и до целосно прекинување на воздушниот сообраќај од аеродромот Рафик Харири. Напуштањето на Либан со авион тогаш веќе нема да биде можно“, велат од Германија.Од почетокот на новата ескалација во Газа, на 7 октомври претходната година, Германија издаде предупредување за патување во Израел и Палестина.

Пронајдете не на следниве мрежи: