Германското Министерство за надворешни работи повторно ги повика германските граѓани во Либан или да ја напуштат земјата или да се подготват за вонредна состојба во услови на зголемени тензии меѓу Израел од една страна и Иран и либанската група што ја поддржува Хезболах, од друга страна, јави ДПА.
Портпаролката на Министерството денеска изјави дека е испратено уште едно писмо до Германците во Либан во кое се бара веднаш да ја напуштат земјата додека светот ја чека реакцијата на Техеран за убиството на двајца водечки противници на Израел, вклучително и командант на Хезболах.
Германците кои остануваат во земјата „можеби ќе треба да се грижат сами за себе подолг временски период во кризна зона“, се вели во пораката.
„Амбасадата ги повика луѓето итно да складираат храна, вода, лекови и готовина за неколку недели“, рече портпаролката.