Побарувачката за нови автомобили во Европа падна во март 18 месец по ред, притисната со уривањето на побарувачката во Германија, која ја загуби позицијата најголем европски пазар, соопшти во средата Европското здружение на производители на автомобили (ACEA).Велика Британија во минатиот месец и ја презеде на Германија водечки европски пазарот, со регистрирани 394.806 нови автомобили, што е за 5,9 отсто повеќе во однос на истиот месец лани.Германија, пак, забележа драстичен пад од 17,1 отсто помалку регистрирани нови возила, односно 284.184. И останатите големи пазари забележаа значителен пад, па така во Франција се регистрирани 16,2 отсто помалку нови возила, а во Шпанија 13,9 отсто помалку. Единствено Италија од поголемите држави забележала едноцифрен пад од 4,9 отсто.Во март во 26 Европски држави (без Малта) регистрирани се 1.307.107 нови возила, што е за 10,2 отсто во споредба со март 2012 година.Во првите три месеци од годината во ЕУ се регистрирани 2.989.486 нови автомобили, што е за 9,8 отсто помалку во однос на првите три месеци од 2012 година.Велика Британија повторно беше светла точка со зголемена побарувачка за 7,4 отсто.
МакфаксПобарувачката за нови автомобили во Европа падна во март 18 месец по ред, притисната со уривањето на побарувачката во