Германија го намалува приливот на работна сила од Западен Балкан

На балканските гастербајтери – градежни работници, медицински сестри, готвачи, келнери и други, би можело во иднина да им биде многу потешко да најдат работа во Германија.
Поради растечката невработеност во коронакризата владејачката германска ЦДУ/ЦСУ има намера да ја намали натамошната имиграција на работната сила врз основа на одлуката од 2016 година за олеснувања за граѓаните од Западен Балкан.
Работните групи на владејачките фракции се усогласија олеснувањата, кои истекуваат на крајот на годината, да ги продолжат за уште две години, но и околу намалувањето на можноста неквалификувана сила да може да ги користи, пишува „Велт ам Зонтаг“.


Правилото за работници од Западен Балкан е воведено пред пет години, откако властите ги наведоа земјите од Западен Балкан како „безбедни земји на потекло“ со намера да се намали масовната имиграција преку системот на азил.
Иако германската влада првично имала намера да ја продолжи оваа регулатива без многу дискусии, пандемијата и економијата во рецесија влијаше врз некои од демохристијаните на Ангела Меркел да се спротивстават на тоа многу погласно. Затоа на балканските гастербајтери – градежни работници, медицински сестри, готвачи, келнери и други, би можело во иднина да им биде многу потешко да најдат работа во Германија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.