– Во Германија денеска стапија во сила новите правила во врска со визите за квалификувани работници од земји надвор од Европската унија, кои овозможуваат влез во земјата и барање работа до една година, под услов да се исполнат одредени критериуми.Друг елемент од правилата што ќе стапат во сила од денеска во Германија е проширувањето на прописите за државјаните на земјите од Западен Балкан, соопшти германското МВР.Според ова правило, работниците од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Република Северна Македонија, Албанија и Косово можат многу полесно да одат во Германија на неопределено време, и тоа до 50.000 годишно, што е двојно повеќе од претходно, се наведува на сајтот на Министерството.
Пронајдете не на следниве мрежи: