Германија даде „зелено светло“ на Бундеслигата

Властите во Германија официјално го одобрија обновувањето на сезоната во локалниот шампионат. Ова може да се случи во втората половина на мај, а германската фудбалска лига има право да избере датум. Се очекува да биде или на 15 мај или на 22 мај. За утре е закажана виртуелна средба со клубовите, на која ќе се избере датум и ќе бидат разгледани детали. Сигурно е дека нема да има публика на стадионите. Ова ќе биде прво големо Европско првенство што ќе се врати.
До крајот на првенствата во Првата и Втората Бундеслига има 9 кола, како и само три натпревари за Купот на Германија. Ако планот се исполни, сезоната може да заврши најдоцна до почетокот на јули.
Претходно денес, канцеларката Ангела Маркел објави олабавување на мерките против КОВИД-19. Фудбалските тимови веќе долго време имаат лиценца за тренинзи и затоа се во предност со подготовките.
Првичниот нацрт на надлежните органи предвидуваше задолжителен 14-дневен карантин за тимовите, што можеше да доведе до одложување на рестартирањето до 29 мај. Но, тогаш таа одлука беше повлечена.
Фудбалерите и штабовите на сите 36 клуба во двете дивизии постојано се тестираат за коронавирус. Досега се потврдени 12 случаи. Пациентите се праќаат дома две недели. Планот е дека ако играчот даде позитивен тест во иднина, тој да се оддели, но неговите соиграчи да продолжат да тренираат и да играат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.