Германија депортираше лица во Македонија кои биле одбиени за политички азил

Германски власти вчера депортирале 36 лица во Србија и во Македонија, кои биле одбиени за политички азил, а меѓу нив имало и осудени криминалци.

Ова е првиот чекор на германската влада во битка со најновата депортациска офанзива, и втор авион кој бил вратен со политички азиланти. Првиот лет бил за Авганистан пред две недели.

„Билд“ објавува дека од авионот кој полетал од Хамбург, имало 36 лица државјани на Србија и на Косово на кои им било одбиено правото на азил, и немале право да останат во Германија.

Чартер-летот на полската компанија Ентер Ер бил изнајмен од најсеверната германска сојузна покраина Шлезвиг-Холштајн, па се претпоставува дека депортираните биле регистрирани во оваа покраина.

Пронајдете не на следниве мрежи: