Европската Унија произведе вкупно 3,3 милијарди литри сладолед во текот на 2024 година, а Германија остана водечки производител со 607 милиони литри.На второ место е Франција, каде што минатата година се произведени 501 милион литри сладолед, а на трето место е Италија со 492 милиони литри.Меѓу петте најголеми производители беа Шпанија со 378 милиони литри и Полска со 298 милиони литри сладолед, според податоците на Евростат.Кога станува збор за надворешна трговија, Франција е сè уште главен извозник на сладолед на пазарите надвор од ЕУ со 55,9 милиони килограми, што е 21 процент од вкупниот извоз.По нив следуваат Италија со 42,6 милиони килограми, Холандија со 31,9 милиони, Германија со 28,2 милиони и Белгија со 27 милиони килограми.Вкупниот извоз на сладолед од ЕУ кон остатокот од светот се зголеми за симболичен еден процент, додека увозот скокна за дури 24 проценти.
Пронајдете не на следниве мрежи:



