Германија е уште една земја која прекина со употреба на вакцината на „Астра Зенека“

Германија е последната која се приклучи на листата на земји кои превентивно ја прекинаа употребата на вакцината на „Астра Зенека“. Германската влада соопшти дека прекинува со употреба поради појава на случаи на згрутчување на крвта.
Здравствените власти наведуваат дека одлуката ја донеле од претпазливост и по совет на националниот регулатор за вакцини.
Во соопштението се додава дека Европската агенција за лекови ќе донесе одлука „дали и како новите информации ќе влијаат на одобрувањето на вакцината“.
Синоќа и Холандија соопшти дека времено поради превенција ја запира употребата на вакцината на „Астра Зенека“, а претходно тоа го направија и Данска, Норвешка, Австрија, Италија, Исланд, Естонија, Литванија, Летонија и Луксембург.
И Холандија ја запре употребата на „Астра Зенека“, компанијата тврди вакцината нема врска со згрутчување на крвта


Компанијата „Астра Зенека“, пак, ги отфрли демантираше дека нејзината вакцината предизвикува згрутчување на крвта нагласувајќи дека нема причина за загриженост и дека има помалку пријавени случаи на тромбоза кај оние кои ја примиле инјекцијата отколку кај општата популација.
Исто така, и од Европската агенција за лекови (ЕМА) минатата недела се огласија во врска со ризиците и порачаа бројот на вакви случаи кај вакцинираните лица не е поголем отколку кај општата популација.
„Придобивките од вакцината ги надминуваат нејзините ризици и може да се даде додека се испитуваат случаи на тромбоемболија“,
рекоа од ЕМА наведувајќи дека имало 30 вакви случаи на пет милиони вакцинирани граѓани во Европа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.