Штрајкот на вработените во безбедносните служби на германските аеродроми ги прекина или поремети патувањата на неколку илјади патници на двата најфреквентни аеродрома, соопштија во четврток вработените на аеродромите и членовите на синдикатот Верди.Околу 400 вработени незадоволни од платите се приклучија на штрајкот на аеродромот во Дизелдорф, што резултираше со откажување, односно одложување на летовите до петок, соопштија од аеродромот.Од аеродромот во Франкфурт се откажани 103 лета, заради што привремено се блокирани 17.000 патници.Синдикатот Верди на штрајк до полноќ ги повика и вработените во приватниот сектор. Портпаролот изјави дека синдикатот се обидува да ги натера работодавците на прифатлива одлука што ќе се постигне преку преговори. Предупреди дека ако не дојде до договор, би можеле да уследат нови штрајкови.Повеќе од 70 отсто од вработените германски „безбедњаци“ се наоѓаат во најниската група според примањата, со заработка од 8,23 евра бруто по час.
МакфаксШтрајкот на вработените во безбедносните служби на германските аеродроми ги прекина или поремети патувањата на н