ГЕРМАНИЈА ПОВТОРНО НА НОЗЕ! ГОЛЕМИ ПРОТЕСТИ ВО БЕРЛИН: Повеќе од 150.000 луѓе против екстремната десница

Повеќе од 150.000 луѓе се собраа денеска во Берлин на демонстрации против германската десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД) и германската ултрадесница.

„Повеќе од 150.000 луѓе се на улиците“, изјави претходно за Билд портпаролката на полицијата Ања Диршка, додавајќи дека протестот се одвива без инциденти.

Протести против екстремната десница се одржуваат во бројни градови во Германија, паралелно со митингот во Берлин.

Германците протестираат откако извештаите за неодамнешниот собир на екстремно десничарски активисти во Потсдам кои повикуваат на депортација на милиони имигранти, предизвика револт кај многу Германци.

Ова е трета недела како германските граѓани излегуваат на улица во знак на протест.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.