Германија создаде „случајно царство”

Германската доминација во Европа не е плод на некој осмислен план, таа нема никаква воена подлога, туку економска, а се` се случува случајно, тврди познатиот германски социолог Улрих Бек, предавач на Универзитетот во Минхен и на London School of Economics.

 „Тоа се случи сосема случајно. Германија создаде 'случајно царство'. Тука нема осмислен план, нема намера за окупација на Европа. Тоа нема никаква воена подлога, туку побрзо економска, тика станува збор за економска моќ”, вели Бек во интервјуто за интернет порталот Social Europe.
Зборувајќи за ситуацијата во Европската унија, Бек тврди дека е очигледен расколот меѓу земјите од еврозоната и земјите коишто не влегуваат во монетарната унија.
„Одеднаш, на пример, Велика Британија, којашто е само членка на Европската унија, но не и членка на еврозоната, го губи правото на вето. Трагикомично е како британскиот премиер Дејвид Камерон се обидува да не` убеди дека тој се` уште е тој којшто е задолжен за менување на ситуацијата во Европа”, вели Бек.
Другиот раскол, укажува Бек, е оној меѓу земјите во самата зона на употреба на единствената европска валута, бидејќи е забележителна видливата поделба на земјите кредитори и задолжените земји.
„Резултат од тоа е дека Германија стана најсилната економија, најмоќната држава во Европската унија”, тврди германскиот социолог.
Што се однесува до строгите мерки за штедење, Бек тврди дека тие навистина придонесуваат за поделби внатре во самата Европа.
„Како прво, ја имаме линијата на поделба меѓу северноевропските земји и земјите од југот на Европа. Ова е многу очигледно,меѓутоа заднината, од социолошки аспект, е дека на дело е прераспределба на ризикот од банките, низ државата, на сиромашните, невработените и повозрасните лица”, тврди Бек, додавајќи дека станува збор за „запрепастувачка нова нееднаквост”, но дека уште се размислува во национални рамки и се правата обиди таа распределба на ризиците да се лоцира во рамките на националните категории.
Истовремено, додава Бек, тоа се и две идеологии водилки поврзани со политиката на построги мерки за штедење. Првата се темел на ткн „Меркелијевистичкиот модел”, комбинација од Николо Макијавели и Ангела Меркел. Вториот елемент е дека оној дека германската политика на штедење не се темели само на прагматизмот, туку и на одредени вредности.
„Кога Германија им приговара на земјите коишто трошат повеќе отколку што имаат, тоа од социолошки аспект претставува етичко прашање, поврзано со протестантската етика… во чијашто заеднина ги гледаме Мартин Лутер и Макс Вебер”, појаснува Бек. Истакнува, меѓутоа, дека Германците тоа не го гледаат како етичко прашање, туку како економска реалност.
„И тоа, како што гледаме, создава нов идеолошки раздор, бидејќи се чини дека таа стратегија и всушност и не дејствува. Сведоци сме на многу протести”, продолжува Бек, при што не заборава да спомене и дека, од друга страна, пак, имаме „многу можна неолиберална фракција во Европа која и натаму верува дека строгите мерки за штедење се вистинскиот одговор за оваа криза”.
Оттаму, оваа криза на еврозоната е доказ дека живееме во ризично општество, но не на начин дека сме во ситуација да се бориме со несигурноста, туку дека сме во ситуација во којашто не сме способни да се бориме со несигурноста и последиците коишто ги создаваме во општеството. Тоа се објаснува со тоа што поради успехот на модернизацијата од XVIII век д 70-те години од XX век, секако „произведуваме последици на кои немаме одговори, како што се климатските промени или финансиските кризи”.
„Финансиската криза е пример на победа на посебната интерпретација на модерноста. Неолибералната модерност, по крахот на комунистичкиот систем, диктира дека пазарот е единственото решение и што повеќе ја јакнеме улогата на пазарот, тоа е подобро. Меѓутоа сега гледаме дека тој модел се урива и нема никакви одговори”, заклучува Бек.
Макфакс
Германската доминација во Европа не е плод на некој осмислен план, таа нема никаква воена подлога, туку економска, а с

Пронајдете не на следниве мрежи: