сабота, 28 ноември 2026
Најново

Германската канцеларка има порака до Путин пред средбата со Трамп

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Русија треба да прифати прекин на огнот со Украина кога рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со својот американски колега Доналд Трамп во Алјаска, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц пред историската средба.Мерц рече дека средбата меѓу Трамп и Путин претставува „можност“ за мир и го повика рускиот диктатор да ги отфрли сите предуслови за прекин на огнот, а потоа да се сретне со својот украински колега, Володимир Зеленски.„Целта треба да биде самит на кој ќе учествува и претседателот Зеленски. Таму треба да се постигне договор за прекин на огнот. На Украина ѝ се потребни силни безбедносни гаранции. Територијалните прашања можат да се решат само со согласност на Украинците“, изјави германскиот лидер, пренесува Си-Ен-Ен.Кремљ претходно бараше Киев да предаде големи територии во замена за завршување на војната, која започна кога Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.Европските лидери се нервозни пред средбата на Трамп со Путин. Иако Трамп неодамна сигнализираше поддршка за Украина, Европа се плаши дека Путин, поранешен агент на КГБ, ќе може да го наговори американскиот претседател да ја гледа војната според свои услови.„Претседателот Трамп сега може да направи важен чекор кон мирот. Тој заслужува благодарност за оваа иницијатива и за блиската координација во текот на изминатите неколку дена“, рече Мерц.Инаку, се очекува Трамп и Путин да се сретнат вечерва во Алјаска со почеток во 21:00 часот, според нашето локално време. 

Поврзани вести