Екстремната десна, антиевропска и популистичка партија Алтернатива на Германија стана втората политичка сила во Германија, заменувајќи ги социјалдемократите. Ова е тековната политичка студија на авторитативниот социолошки институт “Инса”, нарачана од Билд весникот и објавена денеска. Анкетата е направена помеѓу 31 август и 3 септември. Германската Социјалдемократска партија (СДП), која до неодамна беше втората политичка сила во земјата, сега има поддршка од само 16 отсто, што е најлош резултат во модерната историја на партијата. Алтернатива за Германија е пред нив за еден процентен поен, со поддршка од 17 отсто.
Како што стојат работите Социјалдемократите тешко ќе се вратат назад на второто место по поддршка.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.