Германската полиција реши 90% од случајот со исчезнување на Медлин Мекан и се „многу убедени“ дека Кристијан Брукнер е одговорен, покажуваат извештаите.
Дитер Фехингер, татко на поранешната љубовница на Брукнер, Никола Фехлингер, вели дека разговарал со полицијата која се приближува до осудениот педофил.
– Ми рекоа дека решиле 90% од случајот и постапиле многу самоуверено – рече Фехлингер, пренесува „Дејли меил“.
Фехлингер го запознал Брукнер истата година кога Медлин исчезна. Педофилот му се пофалил дека може да „сокрие дрога, па дури и деца“ во своето комбе.
Германецот Кристијан Брукнер е првиот осомничен за киднапирање и убиство на Мадлин Мекан (3) во 2007 година додека таа беше на годишен одмор во Праја да Луз во Португалија и во моментов се наоѓа во германски затвор за дрога, пренесува „Дејли меил“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.