Германска Икеа го даде паркингот за масовна молитва за Рамазан. Вака тоа изгледа!
Продавница Икеа во близина на Франкфурт во Западна Германија го даде својот паркинг на локалната џамија за масовна молитва и освои пофалби преку Интернет.
Околу 800 муслимани се молеа на големиот простор на отворено да го одбележат крајот на светиот месец Рамазан во недела.
„Завршната молитва со сите муслимани беше како награда за нас“, изјави претседателот на џамијата за БиБиСи.
Места на богослужба повторно се отворија во Германија, но тие мора да ги следат правилата за да го спречат ширењето на коронавирусот.
Сликите на молитвата, објавени на социјалните мрежи се шират бргу по социјалните мрежи, при што многумина ја пофалија џамијата за изнаоѓање на безбеден начин за сите од заедницата заедно да се молат.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.Eid Mubarak all✨
Especially to this Ikea branch in Germany.
Local Muslims asked if they can use the car park for prayers in order to maintain distancing per regulations. And Ikea said yes pic.twitter.com/6EDLmjkY9I
— Abdirahim Saeed (@AbdirahimS) May 24, 2020