„Доколку носот ви е откриен, тогаш му оставате отворен пат на вирусот да влезе во вашиот организам. Речиси како и да не носите заштитна маска“ – предупредува германскиот виролог.
Досега секој би требало да го знае тоа – носењето на заштитната маска во јавноста помага во сузбивање на ширењето на коронавирусот, но некои имаат проблем со нејзината употреба. Ја носат, но не го покриваат носот, а ниту устата.
Угледниот германски виролог истакнува дека таквото користење на заштитната маска нема никаква смисла.
„Целта на носењето на маската е да се задржат честичките кои што изглегуваат од устата на човекот кој што зборува, кашла, кива итн.“ – вели д-р Џонас Шмид-Канасит.
До одредена мера, маската го штити и оној кој што ја носи, од вдишување на честичките кои што излегуваат од устата на другите луѓе.
„Но, доколку носот остане откриен, честичките имаат навистина откриен пат да влезат во вашиот организам, тоа е исто како да не носите заштитна маска“ – нагласил докторот.