Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Јохан Вадефул, ќе пристигне во Скопје на 18 ноември, во рамките на неговата неколкудневна посета на земјите од Западен Балкан, соопшти германската амбасада во земјава.
Вадефул ја започнува својата турнеја низ регионот на 16 ноември и, покрај Скопје, ќе ги посети и Сараево, Подгорица, Тирана, Белград и Приштина.
Шефот на германската дипломатија ќе биде придружуван од пратеници на германскиот Бундестаг.
„Посетата доаѓа по состанокот на министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес и нагласува дека земјите од Западен Балкан претставуваат приоритет во надворешната политика на Германија“, велат од германската амбасада.
The post Германскиот министер за надворешни работи доаѓа во Скопје на разговори за Берлинскиот процес appeared first on Во Центар.



