Германските автомобилски брендови би можело да се вратат во Русија веќе идната година

Германските автомобилски брендови би можело да се вратат во Русија веќе во 2025 година.

Според извршниот директор на консултантската компаниа „Шнајдер груп“, Улф Шнајдер, таквиот чекор е неопходен за да се спречи Кина целосно да го преземе автомобилскиот пазар во земјата.

Како што истакнува Шнајдер, германската автомобилска индустрија само губи од санкциите наметнати на Русија, а ако се вратат БМВ и Мерцедес на рускиот пазар, Русите ќе „се симнат“ од кинески автомобили и ќе купуваат германски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.