Германските институти ја снижи прогнозата за раст

Водечките германски економски институти во четвртокот ја снижија прогнозата за раст на најголемата европска економија за оваа година, со напомена дека главна потпора ќе биде домашната побарувачка, додека во наредната 2014 година темпото на раст би требало нагло да забрза благодарение на закрепнувањето на извозот.

Минхенски Ifo, Ifw од Кил, Iwh од Хале и RWE од Есен ја снижија проценката на овогодишен раст на 0,8 отсто, од еден отсто колку што прогнозираа во октомври. Истакнуваат дека нивната ревизија ја одразува потреба на економијата да го надокнади падот на активностите во четвртото тромесечје.Во 2014 година би требало растот да забрза на 1,9 отсто.„Нагорната тенденција повторно се појави во германската економија во пролетта во 2013 годинаГерманската економија долго и одолеваше на кризата во еврозоната за да забави во 2012 година. Во последното тримесечје БДП-то падна за 0,6 отсто. Економистите сепак очекуваат Германија да избегне рецесија и да оствари слаб раст во првиот квартал од годината.Прогнозата на институтите за 2013 година сеуште се двојно повисоки од прогнозите на владата, која предвидува растот да изнесува 0,4 отсто.
Макфакс
Водечките германски економски институти во четвртокот ја снижија прогнозата за раст на најголе

Пронајдете не на следниве мрежи: