Германски “Герешајмер“ ја почнува изградбата на првата фабрика во ЈИЕ со седиште во Скопје

Германската компанија “Герешајмер” денеска во Технолошко индустриската развојна зона Бунарџик ќе ги постави темелите на новата фабрика за медицинска пластика. Ова е прва фабрика на германската компанија во Југоисточна Европа, а земјава беше избрана како поволна бизнис дестинација во конкуренција со Србија и Романија.
На свеченоста ќе се обратат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот на економија Крешник Бектеши и директорот на ТИРЗ, Александар Младеновски.
Инвестицијата ќе се реализира во повеќе фази, а во план е да бидат отворени 400 нови работни места. Ова е втора инвестиција по потпишувањето на Протоколот за членство на земјава во НАТО.
Договорот беше потпишан во март годинава, а новата инвестиција тогаш ја најавија премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
“Герешајмер” има 50 фабрики во 13 држави, а вкупниот промет на компанијата е 1,3 милијарди евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.