Германија во 2023 година испорачала повеќе од 300 машини коишто може да се користат за производство на воена опрема во Русија, објавува германската телевизиска компанија „SWR“.Според германскиот медиум, во приближно 2/3 од случаите опремата од Германија доаѓа во Русија преку турски посредници. Некои од овие добавувачи се директно поврзани со Москва, а некои дури и се покажале дека се руски претприемачи. Можно било да се идентификуваат повеќе од 30 германски производители чии машини се увезени во Русија. Меѓу нив се „Walter Maschinenbau“, „Vollmer“, „Fein GmbH“ и „Heller“.Сепак, како што објавува германскиот медиум, компаниите изјавиле дека ги почитуваат правилата за санкции и не можат да објаснат како нивната опрема завршила во Русија.
Пронајдете не на следниве мрежи: