Германскиот министер за економска соработка и развој, Дирк Ниебел, се заложи прехранбените продукти кои се повлечени од пазарите бидејќи содржат недекларирано коњско месо наместо говедско, да им бидат поделени на сиромашните, објави во саботата германскиот весник Bild.„Во светот денес од глад умираа повеќе од 800 милиони луѓе. За жал, тоа се случува и во Германија, има луѓе кои немаат пари ниту за храна. Мислам дека во Германија не би смееле да ја фрламе квалитетната храна“, изјавил министерот Ниебел.Ова е првпат еден германски министер отворено да го сврти вниманието на јавноста на овој проблем. Јадењата со коњското месо се повлечени од пазарите поради погрешната декларација, а не затоа што се штетни по здравјето.Пред него само конзервативниот пратеник Хартвиг Фишер, настојувајќи да ја убеди јавноста дека храната не треба да се фрли, се фотографираше за Bild, најчитаниот весник во Германија, со чинија полна со лазањи со коњско месо кои се подготвува да ги јаде. „Ова е добро!, Не чувствува разлика во однос на другите видови лазањи“, појаснил Фишер.Германската министерка за социјални прашања Урсула фон дер Лејен изјави дека таквите ставови се апсурдни. „Без оглед на тоа дали сте сиромашни или богати, сакате да знаете што јадете и тоа е ваше право“, рекла министерката.
МакфаксГерманскиот министер за економска соработка и развој, Дирк Ниебел, се заложи прехранбените продукти кои се