Германски новинар осуден на затвор поради исмевање на министерката за внатрешни работи

Главниот уредник на германскиот портал „Дојчландскурир“ Дејвид Бенделс е осуден на седум месеци условна казна затвор поради објавување фотомонтажа од германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер.
Окружниот суд во Бамберг го осуди Бенделс на седуммесечна условна затворска казна, пренесува Tagesspiegel.
„Дојчландкурир“ со фотомонтажа на социјалните мрежи ја исмеа германската министерка за внатрешни работи. На фотомонтажата Фесер е прикажана како држи транспарент пред телото на кој пишува „Ја мразам слободата на говорот“.
Според мислењето на судот, ова оставило впечаток дека се работи за цитат од самата Фесер и било забележано дека не е очигледно дека станува збор за сатиричен пост.
Бенделс е осуден за клевета против политички личности. Мора и писмено да и се извини на министерката.
Бенделс најави дека има намера да поднесе жалба на пресудата.
„Нема да ја прифатам оваа пресуда и ќе се бранам со сите правни средства што се на располагање“, напиша тој на социјалните мрежи.
The post Германски новинар осуден на затвор поради исмевање на министерката за внатрешни работи appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: