Работите изгледаат лошо за германскиот производител на автомобили Соно Моторс и покрај разговорите со потенцијалните инвеститори!
Според германските медиуми, изгледите за склучување животоспасувачки деловни договори се многу мали.
Компанијата од Минхен, која западна во финансиски тешкотии, веќе отпушти голем број вработени во текот на изминатата година, а сега, според германските медиуми, преостанатите работници се соочуваат со отпуштања по барањето за стечај.
Компанијата објави дека не може да најде инвеститор и дека и покрај преговорите, мали се шансите за брз договор. Поради оваа причина, предвидено е откажување на договорите за работа на преостанатите работници. Се очекува отпуштањата да стапат на сила во наредните денови.
Соно Моторс првично планираше да направи револуција на пазарот со својот соларен електричен автомобил Сион, но планот пропадна. Сега технологијата ќе се продава на други производители на автомобили.
Останува неизвесно како и дали ќе се продолжи со работа во производните погони.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.