Подводниот телекомуникациски кабел што ги поврзува Шведска и Литванија е оштетен, изјави шведскиот министер за цивилна заштита, еден ден по најавата за прекин на кабелот меѓу Финска и Германија во Балтичкото Море.
- Неопходно е да се разјаснат причините поради кои двата кабли не работат во Балтичкото Море – изјави шведскиот министер Карл-Оскар Болин за Франс прес, додека германската влада претпоставува дека се работи за саботажа.
Подморскиот кабел „Арелион“ што го поврзува шведскиот остров Готланд со Литванија е оштетен во неделата наутро, интернет сообраќајот е пренасочен кон други меѓународни врски, изјави Аудриус Стасиулиатис, портпарол на литванската филијала на шведскиот оператор „Телиа“.
- Можеме да потврдиме дека прекинот на интернет сообраќајот не е предизвикан од дефект на опремата, туку од материјална штета на оптичкиот кабел – рече тој, додавајќи дека клиентите не биле погодени.
И финската и шведската полиција отворија истрага за прекинот на кабелот денеска.
Вчера финската државна компанија за услуги за пренос на податоци Cinia објави дека е откриен прекин на кабелот за пренос на податоци, кој се протега на речиси 1.200 километри од финската престолнина Хелсинки до германското пристаниште Росток.
Кабелот беше пуштен во употреба во 2016 година и е единствениот податочен кабел што се протега директно од Финска до централна Европа, според финскиот јавен радиодифузер ILE.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.