Геровски: Љубчо кажи кој ти го наметна Ден Дончев

Геровски: Љубчо кажи кој ти го наметна Ден Дончев!

Интересна стана преписката меѓу Геровски и Љубчо. Објавивме за тоа што напиша Љубчо:

Чиј беше Ден Дончев?

Геро пак со директно прашање до Љубчо:

Немам причина да се сомневам дека она што го напиша Љубчо Георгиевски за Ден Дончев е точно. Вклучувајќи го и она „потцртаното“. Но, јас, како и многу други луѓе на Фејсбук, тогаш го прашав Љубчота јавно да каже кој му го наметнал Ден Дончев и зошто. Колку што ми е познато, до ден денес Георгиевски нема одговорено на тоа прашање.

Со оглед на фактот што Ден Дончев е во оставка и е под истрага, а наближуваат и избори, на кои Љубчо Георгиевски пак е на истата страна како во таа 2016 година, што ќе рече постои реална опасност некој да го „повтори делото“, односно пак на Георгиевски да му наметне некое чудно кадровско решение – потцртувам, можеби пак од повеќе фактори! – би сакал токму Љубчо, човекот кој се осмели прв да проговори за независна Македонија во време кога за тоа можеше и глава да летне од рамена, сега да собере смелост и чесно да ни каже кој тогаш му го наметна Ден.

Се води истрага за Ден Дончев потврди денеска Вилма Русковска

Така лека полека се скараа некогашните „соборци“ што рушеа заедно „режим“…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.