Героски: Пет пратеници од таборот на Мицкоски би можеле да гласаат за уставните промени

Ова е реалната опасност за која веќе насекаде се зборува. Пет пратеници на ВМРО – ДПМНЕ од таборот на лидерот Христијан Мицкоски ќе се приклонат кон групата пратеници од оваа партија која ги поддржува уставните промени за спроведување на Договорот од Преспа, изјави вечерва Бранко Героски, главниот уредник на „Слободен печат“ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5. Ова се зборува внатре во партијата но и помеѓу дипломатите во Скопје.
Дали можеби во пресрет на ова, знаејќи дека не ги контролира пратениците Мицковски сега во среда ќе започне протести за да го дефокусира раситнетото и незадоволно членство останува да видиме!?
Според уредникот на „Слободен печат“, новите пет пратеници што ќе ги поддржат уставните промени нема да добијат јавна поддршка од Мицкоски, кој ќе продолжи со својата досегашна реторика против Договорот од Преспа за да ги сочува симпатиите на дел од членството, но станува повеќе од јасно дека притисокот на сестринските народни партии што кулминираше на самитот во Хелсинки, сепак ќе вроди со плод и Мицкоски со западни дипломати во Скопје веќе разговарал за тоа како да го промени курсот на партијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.