Гест за поздравување: Ресенски мотел дел од своите приходи секој месец ќе ги донира во хуманитарни цели

Се сеќавате ли на мотелот кој минатата зима за време на снежните денови кога патиштата беа завеани им понуди бесплатно сместување на сите кои се нашле во Ресен? Да тоа е мотелот “Мајска Роса“ кој ја најави хуманитарната акција која започна уште на 14 октомври. Мотелот најави дека 5 проценти од целокупните приходи од резервации на сместување без разлика дали директно, преку Booking или Expedia ќе ги донира во хуманитарни цели.
– Почнувајќи од Понеделник ( 14.10 ) започнуваме со хуманитарна акција , која се надеваме ќе биде поттик и за другите. Имено, се работи за следново:
Со секоја наплатена резервација, без разлика дали е преку Booking или Еxpedia, или обична резервација, 5% од вредноста на износот на крајот од секој месец ќе одат во хуманитарни цели, за оние на кои е најпотребно.
ОД СРЦЕ ЗА СЕКОГО ?, објавија од Мотел “Мајска Роса“ – Ресен, Преспа.


Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.