Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, потпишал нов едногодишен договор со „црвените ѓаволи“. Велшанецот на „Олд Трафорд“ ќе остане до јуни 2014 година, што значи дека ќе ја одигра и 23-та сезона во клубот.
Рајан Гигс за Јунајтед дебитирал на 2-ри март 1991 година на мечот со Евертон, а во сабота против Норич, доколку добие шанса, ќе го одигра својот 1.000 натпревар во кариерата. „Рајан е пример за сите нас. Што би можел да кажам за него, а тоа веќе да не е кажано. Фактот дека 23 сезони игра во првиот тим е неверојатен податок за модерниот фудбал“, рече менаџерот на тимот, Алекс Фергусон.Гигс за „црвените ѓаволи“ досега има одиграно 931 натпревари, за репрезентацијата на Велс настапил на 64 натпревари, а четири настапи запишал за олимписката селекција на Велика Британија.Искусниот фудбалер кој на 29-ти ноември ќе наполни 40 години, ќе стане 11-от фудбалер во историјата на овој спорт, кој одиграл повеќе од 1.000 професионални натпревари.Пред Гигс се наоѓаат Питер Шилтон, Реј Клеменс, Пат Џенингс, Алан Бол, Нилтон Сантос, Дејвид Симан, Паоло Малдини, Андони Зубизарета, Роберто Карлос и Хавиер Занети.Поранешниот репрезентативец на Велс, со Манчестер Јунајтед има освоено 23 титули во сите натпреварувања – 12 во Премиер лигата, по четири во ФА купот и Лига Купот, две во Лигата на шампиони и една на Светското првенство за клубови.
Макфакс
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, потпишал нов едногодишен договор со „црвен