„Правен нихилизам можеби е атрактивен, но не и најефективен метод“ – вели шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир, во интервју за „360 степени“.За најавите од новата влада за распуштање на Судскиот и на Советот за јавни обвинители Гир, нема дилеми дека мора да има суштински реформи во областа на владеење на правото и судството и затоа го поздравува фактот што „владата е амбициозна во овој мандат да го стави високо на листата приоритети“.„Го имаме Извештајот на Оценската мисија, кој, како што се сеќавате, е од минатата година. Содржи 40 препораки. И има уште многу други документи. Од скрининг-процесот, Извештајот за напредокот, значи има богатство достапни материјали кои покажуваат како да се оди напред. Со нетрпение очекуваме да разговараме за ова во детали“ – вели Гир.Евроамбасадорот смета дека ќе мора да разговараат со владата за тоа што значи „овој јазик за распуштање на Судскиот совет, распуштање на Советот на јавни обвинители“„Се разбира, постои искушението да се пристапи со она што јас го нарекувам ’правен нихилизам’, со други зборови да избришете сè и да почнете од почеток. И тоа е атрактивно и можеби привидно изгледа атрактивно. Но, искуствата покажуваат дека тоа не е најефективниот начин. За Судскиот совет, јасно е што треба да се прави. Ги имаме препораките. Затоа, нашиот совет е да се продолжи, да се има дискусии, да се разговара со сите засегнати страни заедно. Да се надогради она што веќе е постигнато“ – порачува Гир.
Пронајдете не на следниве мрежи: