Гир ѝ ја честита победата на Силјановска-Давкова: Очекувам соработка за европската иднина на С Македонија

Во одговор на честитката на евроамбасадорот, идната шефица на државата вели оти и таа очекува продолжување на соработката за заокружување на евроинтеграциите на земјава

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир денеска преку објава на Икс ѝ ја честита победата на претседателските избори на кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова. Во објавата, Гир додава оти со новата шефица на државата очекува тесна соработка за европската иднина на С Македонија.

Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во С Македонија

„Честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор за претседател на Северна Македонија. Очекувам тесна соработка со неа за европската иднина на земјата“,

пишува амбасадорот на Европската Унија во земјава во објавата на Икс.

Во одговор на честитката на Гир, Силјановска-Давкова вели оти и таа очекува продолжување на соработката за заокружување на интеграцијата на земјава во Европската Унија.

„Почитуван амбасадор Гир, очекувам да ја продолжиме нашата блиска соработка за заокружување на македонската европска интеграција, нашиот клучен национален стратегиски проект“,

вели Силјановска-Давкова.

За победата на претседателските избори Силјановска-Давкова доби честитка и од еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

„Честитки за новиот претседател на Северна Македонија! Со нетрпение очекуваме да работиме со претседателката Гордана Силјановска-Давкова за забрзување на потребните реформи за придвижување напред во процесот на пристапните преговори со ЕУ“,

пишува европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји во објава на Икс.

Заблагодарувајќи се за честитките, Силјановска-Давкова во одговорот до Вархеји вели оти со нетрпение очекува да работи со Европската комисија на завршување на најважниот македонски стратегиски проект.

„Македонските граѓани остануваат длабоко посветени на целосна интеграција на нашата земја во ЕУ и оваа стратегиска цел е еден од централните столбови на мојата програма како избран претседател на Македонија“,

пишува Силјановска-Давкова во одговорот до Вархеји.

Според 99,82 отсто од обработените избирачи, претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова освоила 560 170 гласа на вчерашниот втор круг од изборите за шеф на државата. Нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски, пак, вчера добил 251 541 глас.

На првиот круг од претседателските избори, што се одржа на 24 април, кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ освои 363 085 гласа, а Пендаровски, кој е поддржан од СДСМ, 180 499 гласа.

!function(f,b,e,v,n,t,s){if(f.fbq)return;n=f.fbq=function(){n.callMethod?
n.callMethod.apply(n,arguments):n.queue.push(arguments)};if(!f._fbq)f._fbq=n;
n.push=n;n.loaded=!0;n.version=’2.0′;n.queue=[];t=b.createElement(e);t.async=!0;
t.src=v;s=b.getElementsByTagName(e)[0];s.parentNode.insertBefore(t,s)}(window,
document,’script’,’https://connect.facebook.net/en_US/fbevents.js’);

The post Гир ѝ ја честита победата на Силјановска-Давкова: Очекувам соработка за европската иднина на С Македонија appeared first on 365.com.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: