Акустичната гитара на којашто Ерик Клептон ја компонирал хит-баладата „Wonderful Tonight“ во јуни ќе биде понудена на надавање со почетна цена од 400.000 фунти. Меѓу препознатливите знаци на гитарата наведени од аукциската куќа Bonhams се траги од цигарите на Клептон на главата на гитарата, под жиците.
Клептон инструментот го набавил кон средината на 1970-те години, а го користел за компонирање на нумерите, вклучително и хитот од 1977 година посветен на моделот Пети Бојд. Според рокерската легенда, ја компонирал „Wonderful Tonight“ додека ја чекал да се спреми за излегување.
Кон средината на март годинава, некогаш славната манекенка и фотографка, икона од шеесеттите години од минатиов век, Пети Бојд, ги продаде рачно напишани текстови и приватни писма кои ја откриваат нејзината врска со нејзините поранешни сопрузи, починатиот член на култните The Beatles, Џорџ Харисон, и славниот кантавтор Ерик Клептон
Акустичната гитара „Martin 000-28“, исто така, има налепница од страната на којашто пишува „She’s in Love with a Rodeo Man“, што е референца на хитот кој го изведувал тогаш кантри-пејачот Дон Вилијамс. Клептон ја продаде гитарата на хуманитарна аукција во 1999 година.
Сега инструментот повторно ќе се најде на наддавањето под наслов „Rock, Pop & Film“ во салонот на Bonhams во Лондон на 12-ти јуни, со проценета цена меѓу 300 и 400 илјади фунти. Заинтересираните ќе може да ја разгледаат од 9-ти до 11-ти јуни.
„Клептон е… еден од најголемите живи гитаристи на сите времиња и затоа да се има гитарата која е од толку клучен период во неговата кариера и поврзана со толку клучна песна е можност којашто се пружа еднаш во животот“, вели Клер Толе-Моар, шефица на одделот на Bonhams за поп-култура.