Пејачката Емина Јаховиќ по разводот со Мустафа Сандал стана вистинска милионерка, но таа не е научена на таков живот од секогаш.
Како што вели пејачката имала тешко детство и иако нејзините родители биле лекари не биле богати.
-Мојот татко и мајка немаа многу наследно зад себе, а како лекари не се стекнаа со богатство. Се сеќавам кога многу луѓе во Србија живееја тежок живот, да речеме кога и доматот ни беше луксуз. Ги гледав така како дете, а во некои ситуации и како соседите јадат, започна Емина.
Таа вели дека киндер јајцата, гумените бонбони и чоколадите кои пукаат во уста…сето тоа и било недостижно во детството.
-Во време на тензии и војна мојата мајка мрзнеше млеко и јогурт кои не смеевме да ги допираме бидејќи се чуваа за црни денови. Како девојче бев скромна, обожавав да ги носам светкавите фустани од мојата постара сестра, затоа сега не се расфрлам, рече Емина.
Таа откри и дека во иднина може да се повлече од јавниот живот и да престане да пее, но да се занимава со музика, пишувајќи текстови.