понеделник, 23 ноември 2026
Најново

Ги замолчи критичарите: Роналдо постигна гол и испиша историја на Светското првенство – НИКОЈ НИКОГАШ не го направил ова! (ВИДЕО)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Португалската фудбалска репрезентација сака да го подобри впечатокот на Светското првенство по стартниот неуспешен натпревар против ДР Конго.

Ривал е екипата на Узбекистан, а на репрезентацијата од Иберискиот Полуостров не ѝ требаше долго време за да дебитира на првенството.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во претходните денови, Кристијано Роналдо беше многу оспоруван бидејќи жестоките критичари сметаа дека националниот тим ќе изгледа многу подобро без него, но сега тој ги замолчи сите критичари.

Тој им донесе предност на момците на Роберто Мартинез во шестата минута, а со тој гол ја испиша историјата на Светското првенство, бидејќи стана првиот играч кој постигнал голови на дури шест Светски првенства.

Поврзани вести