Ги заострија мерките: Хрватска почна да ги враќа патниците од Србија и БиХ

Вратени се оние кои немале валидна причина поткрепена со документација.
Тоа, како што се наведува, е резултат на заострувањето на мерките на граничните премини со Србија и БиХ, поврзано со зголемувањето на бројот на новозаразени во Хрватска во последната недела.
Ова за Јутарњи го потври хрватскиот министер за внатрешни работи и шеф на Националниот штаб Давор Божиновиќ, кој кажа дека се засилени контролите на границите и строго се контролираат пропишаните мерки.

„Откако дојде до нови случаи на зараза, а притоа повеќето се поврзани со тие земји, веднаш почнавме да спроведуваме поинтензивни контроли. Секој кој сака да влезе во Хрватска мора да наведе причина за патувањето и да покаже документација која тоа го поддржува, како економскиот интерес за нашата земја“, кажа Божиновиќ.
Тој истакна дека Хрватска кон Србија и БиХ никогаш целосно не ги отворила границите како што тоа го направи кон десет европски земји кои имаат добра епидемиолошка ситуација.
За целосно затворање на границата кон тие земји засега сѐ уште не се размислува.
И понатаму се на сила мерките на Хрватскиот завод за јавно здравство според кои преку хрватската граница може да се помине само во исклучителни ситуации и патниците (освен оние во транзит) можат да влезат во државата само ако покажат на границата доказ дека се сопственици на недвижност во Хрватска, ако имаат некоја неодложна лична причина (заминување на погреб) или ако имаат бизнис причина или нивното доаѓање е во економскиот интерес на Хрватска, во што влегуваат и уплатен туристички аранжман или ноќевање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.