Ги затвориле во соба без интернет 5 дена, ваков резултат не очекувале

Човечкиот мозок и понатаму е една огромна мистерија. Иако стотици години наназад се проучува и понатаму постојат многу работи за кои не сме свесни. Поради тоа, стручњаци често прават експерименти да видат како човечкиот мозок реагира во ситуации кои не се вообичаени.
Еден пример од таквите обиди е кога неколку луѓе биле затворени во изолација 5 денови, без интернет и било каков контакт со надворешниот свет.
Целата ситуација била снимена од британска телевизија, која за организирање на сето тоа пронашла 5 волонтери. Секој од нив со себе можел да носи само 3 неелектрични предмети.


Се прашувате кој е исходот од сето тоа?
Само 3 од 5 кандидати успеале да издржат целосно 5 денови во изолираната просторија. За пример, 28-годишната кандидатка Шермејн сакала на себе и на другите да им докаже дека не и е потребно многу за нормален живот, но после неколку часови започнала да плаче. Се откажала после 4 часа.
Кандидатот Џорџ издржал точно 24 часа во изолација. После неколку време почувствувал мачнина, а му сметал и фактот што не знаел колку е точно часот.


Само Лојд, Луси и Сара успеале да го издржат 5-дневниот карантин во затворена соба. Ниту на нив не им било едноставно, при самиот крај Сара почнала да халуцинира и да зборува со самата себе.
Лојд започнал да зборува со камерите со цел да не мисли дека е сам во просторијата. Најдобро од сите овој експеримент го поднела Луси. Таа повеќето од времето цртала и пишувала, па и „летнало времето“ од 5 денови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.