Ги ограбиле водителот и гостите среде емисија во живо- влегле со пиштоли и им земале се што имаат

Познатиот водител и неговите гости биле ограбени за време на емисијата која се емитувала во живо.
Петмина разбојници влегле во онлајн радио станица СОТ во Сао Паоло во вторникот околу 21 часот претставувајќи се како возачи за испорака на храна. Еден од разбојниците со себе имал пиштол.
Водителот ја завршувал својата емисија, кога бандата упаднала во студиото.

Снимката од инцидентот покажува шокирани луѓе во студиото како скокаат од своите седишта и ги креваат рацете. Водителот Жосимар Мартинес повикал: „Останете мирни, смирете се“, додека агресивните крадци почнале да им ги собираат мобилните телефони, часовници, накитот и другите скапоцености.
Бандитите знаеле дека програмата се емитува во живо преку друштвените мрежи, но тоа не ги спречило да го соберат својот плен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.