Ги отстранува токсините од организмот и го намалува холестеролот

Тиквичките потекнуваат од Мексико, а човештвото ги консумира илјадници години наназад. Заедно со дињата и краставицата, тиквичката спаѓа во семејството тикви, а постојат голем број различни видови кои се разликуваат по обликот, големината, бојата и вкусот.
Спектарот на нутритиенти кои ги обезбедуваат тиквичките е прилично импресивен. Имено, тиквичката е извонреден извор на манган и витамин Ц, а е добар извор и на магнезиум, витамин А, калиум, прехранбени влакна, фолна киселина, фосфор, бакар и витамин Б2.
Магнезиумот игра важна улога во превенција на срцев и мозочен удар, а заедно со калиумот го намалува крвниот притисок. Витаминот Ц и бета-каротенот го спречуваат холестеролот и го намалуваат ризикот од појава на атеросклероза.


Фолната киселина учествува во регулација на нивото на хомоцистеинот, додека прехранбените влакна влијаат на намалување на високиот холестерол.
Овој зеленчук содржи мал број на калории (17 калории на 100 грама) и како таков се препорачува во диетите за слабеење. Освен тоа, тиквичките се природен диуретик, а во народната медицина се користат за исфрлање на вишокот течности од организмот, а се верува и дека го намалуваат холестеролот и ја прочистуваат крвта.


Нутритиентите кои ги содржи тиквичката делуваат и врз здравјето на дигестивниот систем. Високиот внес на прехранбени влакна го поттикнува празнењето на цревата, а со самото тоа и ги исфрлаат токсините од оррганизмот, додека според некои студии, фолната киселина, витаминот Ц и бета-каротенот ги заштитуваат клетките.
Тиквичките спаѓаат во групата на намирници која има мерлива количина на оксилат – компонента која, доколку е присутна во високи концентрации, може да кристализира и да предизвика здравствени проблеми. Поради тоа, на лицата кои имаат нарушена функција на бубрезите им се препорачува избегнување на овој зеленчук.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.