Ги преплаќаме на пазар, а секој може да ги одгледува

Зошто да плаќате големи суми на пазарите или супермаркетите ако веќе можете да ги одгледувате во вашиот стан? Има храна која комотно може да се одгледува на тераса, па дури и во саксија, само што ретко кој знае…
Освен што ќе изгледаат убаво на вашиот прозорец, одгледувањето овошје и зеленчук дома ќе му направи услуга на вашето тело затоа што оваа здрава храна ќе ви биде постојано достапна и ќе ја јадете почесто.
Чери домати
Овој мини домат чини скапо, а е неизбежна состојка на пролетната и летната кујна, или пак на тестенините. Можете да го одгледувате во саксија која буквално ќе ја чувате на прозорецот. Купете готови садници, полесно е. Најважно е да се полева умерено и да се чува во топла просторија со добра вентилација. Во исто време, важно е да се избегне изложување на растението на директна сончева светлина. За да може растението богато да вроди со плод, важно е да се ослободите од страничните израстоци.


Рукола
Сега е вистинското време да засадите рукола на терасата, за само еден месец веќе ќе имате салата. Сè што треба да направите е да го ставите семето во земја, не треба ни претходно да ги мокрите, само пропрскајте ги со вода, по можност од шише со прскалка. Посипете ги со тенок слој земја, повторно навлажнете, покријте со полиетилен и почекајте. Кога руколата ќе никне, ставете ја на светло место, но не под директна сончева светлина, и полевајте ја секој втор ден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.