
Ми раскажа дека Ана ја сакал повеќе од се, дека тоа била прва, младешка и невина љубов. До денес во ушите ми одекнуваат неговите зборови за Ана, вели изворот и додава. Ми рече: “Тогаш запознав жена борец и херој, и никогаш повеќе. Нашиот син е плод на голема љубов. Ана беше премлада, а бременоста беше шок за сите во семејството. Кога слушнаа за тоа, некои во семејството сакаа да ги убијат неа и детето, такво беше времето. Патријархално“, вели изворот продолжувајќи да опишува што се му раскажал таткото на Игор и како реагирало неговото семејство на бременоста на Ана:

“Јас лично отидов и ги колнев во Бог да не ги повредат ниту неа, ниту бебето. На цел глас запомагав: Убијте ме мене, само немојте неа! Не сте ни свесни колку пропати Ана, но таа е жена-лавица. Сама се избори за се, а јас бев слабак и кукавица. Немав сила да се борам за Ана, таа сите проблеми сама ги реши, без мене и мојата помош и од тоа се срамам. Кришум одев да го посетам син ми додека беше во дом. Важно ми беше само да го допрам, да го погалам. Сега сум пресреќен што израсна во чесен човек и домаќин. И се тоа е заслуга на Ана. А, таа остана преубава. Жена со чисто срце и образ. Ја сакав како Бог, никогаш нема да ја заборавам. Тоа е најболната приказна, би дал се да можам да го вратам времето, но сега е доцна“.
Пронајдете не на следниве мрежи: