Ги проколнував да не ги убијат Ана Бекута и нашиот син: Првата љубов и таткото на вонбрачниот син на пејачката проговори по цели 43 години

По повеќе од четири децении, откриена е добро чуваната тајна на Ана Бекута и човекот кој е татко на нејзиниот син Игор Полиќ. За да ги спаси пејачката и синот од своето семејство кое сакало да ги убие, таткото на Игор минал низ пекол. Имено, како што пишуваат српските медиуми, Ана и нивниот син сакале да ги убијат затоа што таа забременила пред нивната врска да биде крунисана со брак, што во тоа време било недозволиво.
Ми раскажа дека Ана ја сакал повеќе од се, дека тоа била прва, младешка и невина љубов. До денес во ушите ми одекнуваат неговите зборови за Ана, вели изворот и додава. Ми рече: “Тогаш запознав жена борец и херој, и никогаш повеќе. Нашиот син е плод на голема љубов. Ана беше премлада, а бременоста беше шок за сите во семејството. Кога слушнаа за тоа, некои во семејството сакаа да ги убијат неа и детето, такво беше времето. Патријархално“, вели изворот продолжувајќи да опишува што се му раскажал таткото на Игор и како реагирало неговото семејство на бременоста на Ана:

“Јас лично отидов и ги колнев во Бог да не ги повредат ниту неа, ниту бебето. На цел глас запомагав: Убијте ме мене, само немојте неа! Не сте ни свесни колку пропати Ана, но таа е жена-лавица. Сама се избори за се, а јас бев слабак и кукавица. Немав сила да се борам за Ана, таа сите проблеми сама ги реши, без мене и мојата помош и од тоа се срамам. Кришум одев да го посетам син ми додека беше во дом. Важно ми беше само да го допрам, да го погалам. Сега сум пресреќен што израсна во чесен човек и домаќин. И се тоа е заслуга на Ана. А, таа остана преубава. Жена со чисто срце и образ. Ја сакав како Бог, никогаш нема да ја заборавам. Тоа е најболната приказна, би дал се да можам да го вратам времето, но сега е доцна“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.