Ги сруши сите рекорди: Американски сенатор 25 часа без престан го критикуваше Трамп

Демократскиот сенатор од Њу Џерси Кори Букер држи маратонски говор пред Сенатот на Соединетите Американски Држави кој трае цела ноќ и се уште трае, како симбол на изразување противење на агендата на администрацијата на претседателот Доналд Трамп. пишува АП.

Букер излезе на говорницата во Сенатот во понеделникот вечерта и најави дека ќе остане таму се додека е „физички способен“. Повеќе од 21 час подоцна, 55-годишниот сенатор, поранешен американски фудбалер, изгледа видно уморно, но сепак е силен.

Тоа е извонредно покажување на издржливост, меѓу најдолгите во историјата на Сенатот, бидејќи демократите се обидуваат да им покажат на своите фрустрирани гласачи дека прават се што можат за да се спротивстават на политиките на американскиот претседател.

„Ова не се нормални времиња во нашата земја“, рече Букер во воведниот дел од својот говор.
„И тие не треба да се третираат како такви во Сенатот на Соединетите држави. Заканите за американскиот народ и американската демократија се сериозни и итни, и сите ние мора да направиме повеќе за да им се спротивставиме“, додаде тој.

Букер го отслужува својот втор мандат во Сенатот. Тој беше кандидат за претседателска номинација во 2020 година кога ја започна својата кампања во Њуарк. Тој се повлече откако имаше потешкотии да се стекне, не успеа да го премине прагот неопходен за учество во внатрепартиските дебати во Демократската партија.

Пронајдете не на следниве мрежи: