Ноќеска околу 00:50 часот во СВР Скопје, И.М. пријави дека на подрачјето на Драчево, Б.В. телефонски ја контактирал од телефонот на нејзиниот малолетен син и ја известил дека ги фатил нејзините две малолетни деца, кои претходно биле со група на малолетници кои играле и фрлале камења на улицата, по што ги внел во возило сакајќи да ги однесе во полиција и физички ги нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



