Ги yбил директоpот, професорка и секретарката, биле во комисијата што го суспендирала – нови детали за хоpорот во гимнзијата во БиХ

Тројца загинати денеска во пукањето во гимназијата во Сански Мост (БиХ), а осомничен за нападот е вработен во тоа училиште, кој по крвавиот пир се обидел да си пресуди.

Како што пишува „Независне“, работникот М.В. рано утринава упаднал во училиштето и убил тројца вработени.

Според изјавите на очевидците, М.В. вооружен влегол во објектот на гимназијата.

Тој, според информациите, ги застрелал директорот на гимназијата Нијаз Халиловиќ, професорката Гордана Ниџан и секретарката Нисвета Кљуниќ.

Од тамошното МВР потврдија дека загинале тројца вработени во гимназијата, а осомничениот потоа се обидел да си пресуди. Тој е префрлен во Ургентниот центар во Бања Лука.

Мотивот наводно се одредени несогласувања кои постоеле и претходно бидејќи убиените биле дел од комисијата која го суспендирала М.В., пишува „Независне“.

Во тек е истрага, а училиштето е опколено од силни полициски сили.

Пронајдете не на следниве мрежи: