Главната сестра на Инфективната клиника и уште две медицински сестри си поднеле отказ од Клиниката за Инфективни болести.
Зорица Љубичиќ Митиќ која е главна медицинска сестра во своето барања вели дека има многубројни причини за нејзиниот отказ, но наведува само една односно деградирање на профилот медицинска сестра.
-Причините за да ја напуштам Клиниката по 28 години, професионална посветеност се многубројни, но би навела само една: Непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра како една од најважната алка во медицинскиот тим, пишува во своето барање Љубичиќ Митиќ.
Клиниката ги добила и отказите на уште две медицински сестри вработени во одделот за ургентна инфектологија и одделот за неуроинфекции.
Нивните известувања вчера на социјалните мрежи ги објави докторот Ненад Лазаров.
-Главната сестра на Инфективна клиника, и уште 2 одделенски сестри даваат отказ во еден акт
Причините ќе оставам да ги кажат надлежните, сестрите си кажале, ова е сериозна загуба за системот во многу лошо време…, напиша доктор Лазаров на Фејсбук.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.